Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПочина Сатору Ивата, омилениот директор на гејмерите

Почина Сатору Ивата, омилениот директор на гејмерите

Тажни вести за фановите на гејмингот кој денес изгубија една од ретките култни личности директно од корпоративната управа на Nintendo. Сатору Ивата, претседателот на Нинтендо, за жал ја изгуби битката со канцерот и денес почина на 55 годишна возраст.

Nintendo-Direct-Satoru-Iwata-with-Mario-and-Luigi

Сатору Ивата беше еден од омилените ликови на гејмерите кои можеа да го следат во забавните онлајн прес конференциите Direct to you во кои ги најавуваше новите видео игри, кревајќи ја популарноста за гејмингот кај голем дел од публиката.

Ивата ја започна кариерата уште во 1980-та како млад и талентиран програмер во Нинтендо учествувајќи во изработка на повеќе наслови. Од 2000 ја извршуваше директорската функција, а потоа стана и четвртиот претседател во историјата на Нинтендо.