Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина Пеце Роговски кој чекаше пари за операција, но не успеа да стигне до Турција

Почина Пеце Роговски кој чекаше пари за операција, но не успеа да стигне до Турција

Почина 32 годишниот битолчанец Пеце Роговски. Тој вчера бил донесен на аеродромот во Скопје за да биде транспортиран во болница во Турција но бил вратен поради направениот пропуст што не било навреме пријавено дека треба да патува во лежечка состојба.

Иако на семејството му се укажа можност Пеце да се оперира, тоа го спречи сериозниот пропуст во организацијата на транспортот. Неговата состојба значително се влошила, а патот до скопскиот аеродром и назад до Битола целосно го истоштил.

За него се собираа пари за операција, но за жал, тој не ја дочека. Роговски се соочил со болеста пред две години, поминал низ две операции и хемотерапија, но болеста му се повратила пред два месеца, по што бил врзан за кревет. За операцијата во Турција беа потребни 54.000 евра.

фото:Телма