Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПочина Нико Нестор, првиот Македонец кој го преплива Ла Манш

Почина Нико Нестор, првиот Македонец кој го преплива Ла Манш

Првиот Македонец кој го преплива Ла Манш, Нико Нестор, почина во Скопје на 81-годишна возраст. Нестор на 9 септември 1959 година го преплива каналот меѓу Франција и Британија за 12 часа и 6 минути, како прв човек од источна Европа кој го совладал растојанието од Кале до Довер.

Во 2009 година за овој подвиг тој доби специјално признание од Здружението на пливачки маратонци. Нестор е и првиот Македонец кој го препливал Охридското Езеро – од Свети Наум до Струга за 11 часа и 28 минути во 1958 година.

Нико Нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства освои 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година.