Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина малиот Џеваир кого го искасаа кучиња

Почина малиот Џеваир кого го искасаа кучиња

Четиригодишниот Џеваир Усеини , кој беше искасан од кучиња во петокот, денеска околу 13 часот им подлегнал на повредите и починал на универзитетската клиника КАРИЛ во Скопје.

Малиот Џеваир беше нападнат од кучиња во селото Бачишта, Кичево. Детето беше на апарати за дишење три дена, во критична и животозагрозувачка состојба. На скопските клиники било примено во тежок хеморагичен шок. Било распарчено од кучињата, со искинат стомак, имало тешки повреди и скршеници на черепот и градниот кош. Операцијата траела повеќе од 4 часа и лекарите морале да ги извадат едниот бубрег и слезинката.

Пред три дена детето беше нападнато од група кучиња кога сакало преку нива да отиде со соседната куќа каде бил неговиот татко.

Од МВР информираат дека ќе биде направена обдукција.