Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина доајенот на македонското новинарство, Борис Поп Ѓорчев

Почина доајенот на македонското новинарство, Борис Поп Ѓорчев

Почина Борис Поп Ѓорчев. Доајенот на македонското новинарство почина денеска по краткотрајно боледување. Борис Поп Ѓорчев е роден во Велес на 22 јули 1933 година.

Како професионален новинар е активен од 1953 година во весникот Нова Македонија, кога и станува член на Здружението на новинарите на Македонија. Во неговата богата новинарска кариера има објавено преку 22.000 текстови како уредник и коментатор во Нова Македонија, во внатрешно политичка рубрика, во надворешно политичка рубрика, постојан дописник од Москва (од 1975 до 1979 година).

Одликуван е со орден на трудот со златен венец (1980 година), а добитник е на високата државна награда „11 Октомвриʺ (2003 година), „Мито Хаџивасилев Јасминʺ (1984 година), „Крсте Мисирковʺ (1989 година ), „13 Ноемвриʺ ( 2008 и 2010 година ), „Гемиџиитеʺ ( 2009 година ), „Св. Климент Охридски ʺ (2006 година) и други.

Погребот ќе биде одржан на 27 јануари 2016 година (среда) на гробиштата Бутел во Скопје.