Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина Диме Јанески, еден од најистакнатите културни работници во Прилеп

Почина Диме Јанески, еден од најистакнатите културни работници во Прилеп

По тешко боледување, синоќа, на 63 – годишна возраст, почина Диме Јанески, еден од најистакнатите културни работници, кој долги години работеше за развојот на уметноста во Прилеп.

Јанески, својот работен век го посвети на Центарот за современа ликовна
уметност (Ликовна колонија) во Прилеп, преку преземање на одговорностите за 30-годишно раководење на ЦСЛУ (од вкупно 59 години колку што постои Колонијата, како најстара во Југоисточна Европа).

Јанески раководеше со Ликовната колонија, првично со д-р Бошко Бабиќ, а потоа до крајот на својот живот со својата сопруга Гордана Бабич Јанеска, на Прилеп и на Македонија им донесоа над 3 000 ликовни уметници од целиот свет. Диме Јанески е иницијаторот за создавањето на Интернационалното ателје за скулптура во метал во 1984 година, како и на Интернационалното студио за пластика во пластика, почнато во 2004 година, заедно со реномираниот скулптор Предраг Јаневски.

Најголемата заложба на Диме Јанески беше ЦСЛУ да стане самоодржлив, и да продолжи да биде амбасада на светската култура и уметност во Прилеп.