Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниПочина Димче Кичевски – легендата на македонското карате

Почина Димче Кичевски – легендата на македонското карате

Легендарниот каратист и тренер Димче Кичевски вчера почина по долго боледување. Кичевски беше дел од овој спорт цели 48 години.

Тој е двократен првак на СФР Југославија, во 1980 станува балкански првак, а неколку месеци подоцна се закитува и со бронзен медал на ЕП во Австрија. Кичевски е првиот селектор на карате репрезентацијата на Македонија, а неколку години беше и прв човек на Карате сојузот на Македонија.

Димче Кичевски е добитник на повеќе награди меѓу кои и „13 Ноември“. Последните години од животот ги помина во кик боксот и судеше мечеви од меѓународен карактер. Беше и селектор на кик бокс репрезентацијата на Македонија.