Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина актерот кој го отелотвори легендарниот Алф

Почина актерот кој го отелотвори легендарниот Алф

Мичу Мазарос, актерот кој го носеше костумот на Алф во истоимената серија, цели четири сезони, почина на 76-годишна возраст. Тој почина во болница, каде една недела беше во кома.

Мичу е роден во Унгарија и се придружил на циркусот уште во своите тинејџерски години, а своевремено ја носеше титулата „најнискиот човек во светот“. Во текот на 70-тите Мичу изведуваше со неколку познати циркус групи, а во 80-тите ја доби улогата на Алф во истоимената серија.