Thursday, Apr 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина актерката која ја глумеше Мари Бароун во „Сите го сакаат Рејмонд“

Почина актерката која ја глумеше Мари Бароун во „Сите го сакаат Рејмонд“

Дорис Робертс, актерката која се прослави во мега популарната серија „Сите го сакаат Рејмонд“ почина вчеравечер на 90-годишна возраст во својот дом во Лос Анџеле.с

Актерката која остана запаметена по улогата на Мари Бароун освои четири награди од седум номинации за истоимениот лик, а била номинирана за наградата „Еми“ вкупно 11 пати. Дорис зазема учество во сите 210 епизоди од култната серија во која глумеше мајка која е претерано приврзана за својот син.