HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина 14 годишно девојче – нов смртен случај во гевгелиската болница

Почина 14 годишно девојче – нов смртен случај во гевгелиската болница

Уште еден смртен случај во гевгелиската болница. 14 годишно девојче од Миравци ноќеска во 3 часот починало во болницата каде било донесено поради предозираност со таблети со покачен крвен притисок – јавува Канал 5.

Во болницата во Валандово, на девојчето му било испран желудникот и му била пружена прва помош, по што било префрлено во гевгелиската болница каде починало. Директорот на гевгелиската болница за Канал 5 изјавил дека на девојчето му била пружена соодветна помош, но обидот за реанимација не бил успешен.

Семејството обвинува дека лекарот долго чекале за да издаде упат за Скопје. Телото е предадено на обдукција, а се очекува резултатите да покажат дали имало можности да се спаси животот на девојчето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com