Sunday, Sep 24, 2017
HomeДЕНЕШНАПочетокот на неделата ни носи променливо време, но со повеќе сончеви периоди

Почетокот на неделата ни носи променливо време, но со повеќе сончеви периоди

Времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде претежно облачно, а околу пладне релативно сончево во поголемиот дел од земјата. Навечер се очекува постепено ново наоблачување како предвесник за врнежите кои се очекуваат утре.
Температурата ќе биде слична на неделната, со минимална вредност од 20°С до максималните 23°С.

Во Скопје повторно променливо време, но со подолги сончеви периоди. Максималната температура ќе има вредност од околу 21°С.