Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПобедата на Кајмакоски чекор за спас на малите Александар и Мартина

Победата на Кајмакоски чекор за спас на малите Александар и Мартина

Малите Александар и Мартина за кои уште на 10-ти април објавивме дека им е потребна итна операција на црниот дроб, најверојатно ќе успеаат навремено да се излекуваат. Даниел Кајмакоски по победата на шоуто „Твоето лице звучи познато“ откри дека средствата од 25.000 евра ќе ги донира токму за ова семејство кое се издржува само од самохраната мајка Јасмина.

Сепак, потребни се вкупно 100.000 евра, а тука може да помогне и Фондот за здравство откако ќе биде комплетирана целата документација. Прв на операција мора да оди 7 годишниот Александар чија состојба е покритична и пред откажување му се и другите органи.

bratce i sestrice pomos1

„Кога нашата болка допре до срцето на Даниел, се надевам дека ќе допре и до другите луѓе, и ќе успееме да ја добиеме оваа тешка битка. Се надевам дека наскоро Александар ќе може да игра фудбал, а Мартина да оди на балет, бидејќи тоа им е најголема желба. Пријатно сум изненадена, не можам да ја опишам среќата, и покрај сите проблеми со кои се соочувам во овој многу тежок период во нашиот живот. Никогаш не помислив дека ние можеме да бидеме тие кај кои ќе отиде наградата. Имало господ, ги слушнал нашите молитви да ни помогне“, изјави Јасмина за Вест.

Семејството Додевски е во тешка состојба бидејќи Јасмина не може да одржи постојано работно место грижејќи се за трите малолетни деца од кои двете се тешко болни, а нејзинот поранешен сопруг кој порано ги малтретирал веќе три години не плаќал алиментација.

daniel pob

Даниел Кајмакоски доста емотивно порача дека е подготвен на било што да собере повеќе пари кои би ги донирал за семејството Додевски чии дечиња со нетрпение очекуваат да се сретнат со нивниот идол, но и да продолжат нормално да живеат и напредуваат.

Донациите може да се уплатат на име Јасмина Додевска

Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
сметка 320500025832633

Девизна сметка за донации:

AEKSANDAR DODEVSKI
IBAN: MK07 3205 1002 5844 030
SWIFT: CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK SKOPJE