Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПобеда на Македонските одбојкари против Австрија за пласман во финалето на Европската лига!

Победа на Македонските одбојкари против Австрија за пласман во финалето на Европската лига!

Одбојкарите на репрезентацијата на Македонија продолжија да редат одлични настапи во Европската лига. Избраниците на Ристоски, во маратонски и неизвесен натпревар успеаја да ја совладаат селекцијата на Австрија со 3-2 во сетови и да си обезбедат свое ново финале во Европската лига.Добрата игра на стартот на натпреварот им донесе минимално водство на македонските одбојкари до првиот технички тајмаут (8-6).

Минималната пауза им дозволи на противниците од Австрија комплетно да се консолидираат. Се водеше битка поен-за-поен, па поврзаа Зас и Бергер три поени за преземање на водството на вториот технички тајмаут (15-16). Успеа противникот да направи и посериозна предност од 17-20 по што се ’разбудија’ „црвено-жолтите“ па стигнаа до израмнување и освојување на првиот сет (25-23).

Натпреварот беше изедначен до самиот крај откако Австија постојано го израмнуваше резултатот. Следеше исцрпувачки финиш и неизвесната завршница ја реши Ѓоко Јосифов на сервис за конечни 15-13 откако австриските одбојкари не смечираа во поле.