Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПо завршувањето на ЕВРО 2016 Ибрахимовиќ става крај на репрезентативната кариера!

По завршувањето на ЕВРО 2016 Ибрахимовиќ става крај на репрезентативната кариера!

Капитенот на Шведска Златан Ибрахимовиќ објави дека после Европското првенство во Франција ќе се повлече од националниот тим. „Последниот натпревар за мојата репрезентација ќе го одиграм на ова Европско првенство. Се надевам дека тоа нема да биде утре против Белгија. Многу сум горд на она што го постигнавме и секогаш ќе го носам шведското знаме со мене“, изјави Ибрахимовиќ на конференцијата за медиуми.

Шведската репрезентација после две одиграни кола во групата Е има само еден поен, но доколку утре вечер ја совлада Белгија, ќе има голема шанса да избори пласман во осминафиналето. Ибрахимовиќ за Шведска одигра 115 натпревари успевајќи да постигне рекорден број од 62 погодоци.