Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПо втор пат прогласени за најбогати Словенци, поседуваат имот со неверојатна вредност

По втор пат прогласени за најбогати Словенци, поседуваат имот со неверојатна вредност

Во традиционалната анкета на бизнис магазинот „Менаџер“, Иза и Само Логин втора година по ред се одбрани за најбогатите Словенци. Овој пар во целост ја поседува компанијата „Аутфит 7“ и нивниот личен имот е проценет на вртоглави 855 милиони евра, со што е забележан благ пораст од 3,39% во споредба со минатата година.

На вицешампионското место се наоѓа претприемачот Санди Чешко, чија компанија „Студио Модерна“ се занимава со телевизиска продажба и маркетинг и нејзината моментална вредноста е проценета на 271 милион евра. Вкупниот имот на првите сто најбогати Словенци е процент на 4,6 милијарди евра.