HomeДЕНЕШНАЕкономијаПо скандалот со фаблетот, „Самсунг“ повлекува три милиони машини за перење алишта

По скандалот со фаблетот, „Самсунг“ повлекува три милиони машини за перење алишта

162909_EM_SAMSUNGEXPLODE

По фијаското со паметните телефони, кои се прегреваат и се палат, корејски Самсунг, еден од водечките производители на апарати за домаќинство, доби уште еден удар – американските власти најавија повлекување на речиси три милиони машини за перење алишта произведени од Самсунг, по неколку извештаи за повреди, вклучително и скршена вилица, поради претерани вибрации.

Пред еден месец, корејскиот производител повлече од пазарот ширум светот милиони свои паметни телефони „Galaxy Note 7″ поради мистериозниот проблем од кој батеријата на телефонот се прегрева и се пали. Компанијата престана во потполност да го произведува тој модел на телефони, а проценката е дека тој пропуст ќе ја чини фирмата 5,3 милијарди долари.

Самсунг објави дека повлекувањето на машините за перење алишта ќе го опфати пазарот во САД и Канада, иако таму немаше пријави за повреди. Во 2013 година Самсунг од Австралија ги повлече машините за перење алишта, затоа што имаа проблем со струјата и беа причина за пожари. Самсунг на сопствениците на тие машини им нудеше бесплатна поправка, но не и враќање на парите или замена за друг уред, иако така е пропишано во австралискиот закон.

На најавеното повлекување му претходеа неколкунеделни преговори меѓу Самсунг и властите од САД, по пријавата дека некои барабани може да предизвикаат толку јаки вибрации што некои машини се распаднале. Самсунг, летоска во Тексас, Индијана и во Џорџија тужеа неколку купувачи кои рекле дека машините едноставно експлодирале.

Во соопштението, Одборот на САД за безбедност на потрошувачлите производи наведува 733 случаи а прекумерни вибрациии на машините за перење на Самсунг и девет извештаи за повреди, меѓу кои скршена вилица и изместено рамо. Самсунг објасни дека тој проблем настанува кога постелнината или други кабасти предмети се центрифугираат на голема брзина.

Компанијата нуди бесплатна поправка или попуст при купување нов апарат, а оние кои купиле машина во последните 30 дена може да добијат потполна надокнада. Од пазарот се повлекуваат 34 модели машини во кои алиштата се ставаат одозгора, произведени во 2011 година, а чинеле 450 до 1.500 долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com