HomeДЕНЕШНАПолитикаПо скандалот: Силвана Бонева ги повлекла сметките за патни трошоци

По скандалот: Силвана Бонева ги повлекла сметките за патни трошоци

Силвана Бонева ги повлекла сметките за патни трошоци за јули и за август што претходно веќе ги имала доставено до Државната изборна комисија, дознава Алсат – М. Ваквиот потег на Бонева следува откако пред неколку недели таа се најде на удар на јавноста, по веста дека за шест месеци само за патни трошоци од ДИК добила 12 илјади евра.

Бонева денеска не сакала да даде коментар. Според неофицијалните сознанија, Бонева добила реакции и од партиските кругови бидејќи информациите за сумите што таа ги добива за патни трошоци, не само како член на ДИК, туку и претходно како пратеник и нанесувале штета на партијата, особено сега во сензитивен политички период.

Претходно, Бонева беше критикувана и затоа што како пратеник во само една година, земала 23 илјади евра, но и поради тоа што нејзините синови имаа купено станови на елитна локација во Скопје. И покрај тоа што Законот за плати и други надоместоци за избрани и именувани лица, остава простор да се исплаќаат така високи суми, сепак, засега никој не го отвора прашањето дали е потребна промена токму на членот што во јавноста отвора серија дилеми за сумите што им се исплаќаат на одредени функционери за патни трошоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com