Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо распитот напаѓачот на Шекеринска доби мерки на претпазливост

По распитот напаѓачот на Шекеринска доби мерки на претпазливост

Напаѓачот што ја кубеше пратеничката Радмила Шекеринска и пред долго време беше идентификуван и лоциран благодарение на бројните видео снимки, вчера беше изведен на распит во Јавното обвинителство во Скопје.

За едното лице, надлежен јавен обвинител по прибирање на доказите ја утврди дадената правна квалификација. Со оглед на обемната медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот предложи до судија на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје определување на Мерки на претпазливост. Со Решение на судот, на лицето му се определени мерки за претпазливост  и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште, Одземање на патна исправа, Забрана за приближување на место каде се одржува протест во растојание од 500 метри и Забрана за приближување на лицата кои евидираат како оштетени од овој настан, соопштија од ОЈО.

Тој по Крвавиот четврток за ТВ21 тврдеше дека не ја тепал Шекеринска туку сакал да ја тргне на страна, бидејќи некој од толпата му рекол дека е жена, но немал намера да и се извини за ништо.