Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПо отказот, бившиот мексикански селектор се соочува и со затвор

По отказот, бившиот мексикански селектор се соочува и со затвор

Изгледа дека Мигел Херера се соочува со тешкотии по губење на тренерската позиција во репрезентацијата на Мексико. Имено, јавниот обвинител подигнал обвинение за прекршување на правила во политичка кампања откако се увидело дека Херера објавувал твитови политички цели и во политичката кампања без никакви проблеми.

Заменикот на јавниот обвинител, Фернандо Родригес Довал, ја посочи свесноста на граѓаните за последиците кои можат да ги сносат ако играат валкано за некој кандидат или политичка партија, нешто за кое Херера не обрнувал доволно внимание. Екс – селекторот може да се спаси од затворската казна од 15 години ако биде казнет парично со сума која се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.