HomeUncategorizedПо огромен притисок полицијата објави видео од убиството во Шарлот

По огромен притисок полицијата објави видео од убиството во Шарлот

Полицијата во Шарлот по четири дена на масовни и немирни протести конечно мораше да ги објави снимките од полициските возила и камери кои го снимија убиството на афроамериканецот Кит Ламонт Скот. На видеото воопшто не се забележува заканувачки потег на Скот кој по мала расправија излегува од автомобилот и за неколку секунди е застрелан од најмалку истрели.

Ве предупредуваме, содржината е вознемирувачка.

Потоа полицајците наместо да му укажат лекарска помош му ставаат лисици на рацете иако тој ги испушта последните здивови. Полицијата тврди дека реагирале откако го забележале Скот како пуши марихуана во возилото и наводно имал пиштол во раката.

Скот имал дозвола за поседување пиштол, како и футрола но, засега не е утврдено дали пиштолот навистина бил до него и дали тој посегнал да пука откако излегол од своето возило.

kit-lamont-pistol

Претходно и неговата сопруга го објави видеото кое таа го снимаше со мобилен телефон молејќи ја полицијата да не го убие. Адвокатите на семејството Скот најавија голема тужба бидејќи и од двете снимки не се гледа никаква причина Кит да биде убиен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com