Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиПо Нова година, весникот „ВЕСТ“ со нов главен и одговорен уредник!

По Нова година, весникот „ВЕСТ“ со нов главен и одговорен уредник!

Горан Михајловски, главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вест“, по 31 декември ќе го напушти досегашното работно место во најтиражното гласило на медиумската компанија „Медија Принт Македонија“.

Според информациите на некои од медиумите, на Михајловски на крајот на 2015 година му истекува важечкиот договор и не добил понуда за негово продолжување.

Михајловски пред 15 години си замина со екипа од „Вечер“ и го создадоа весникот „Вест“. Претпознатлив белег низ годините наназад му е неговата саботна колумна „Сакам да кажам“. Покрај оваа функвија тој е професор и на правниот факултет „Јустинијан Први“ во студиите по новинарство.