Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПо масакрот во Орландо, страв за најавените геј паради

По масакрот во Орландо, страв за најавените геј паради

Откако 50 лица беа убиени во Пулс клубот во Орландо властите на САД стравуваат дека може да дојде до нови инциденти на најавените бројни паради на гордоста низ повеќе градови на кои ќе се изрази солидарност кон ЛГБТИ лицата, како и изразување на сочуство за загинатите.

Полициските власти засега велат дека нема конкректни закани, но се истражуваат повеќе индии и нема ништо да биде оставено на случајност. Овој викенд се најавува и „прајд“ собир во Скопје, но засега нема известување од МВР дали ќе бидат ангажирани дополнителни полициски сили за обезбедување.