Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо макотрпна расправа изгласан најтешкиот буџет на Македонија

По макотрпна расправа изгласан најтешкиот буџет на Македонија

Пратениците по пет дена на општа расправа дојдоа до изгласување на буџетот за 2016-та кој е досега најтежок и изнесува 3.18 милијарди евра. Според структурата се предвидува 2.87 милијарди евра да се соберат од данови и давачки, додека пак остатокот од 309 евра ќе се соберат од задолжување со домашни и странски заеми.

Опозицијата силно се противеше на голем број на ставки во буџетот, но најголемите забелешки одат на сметка на нерационалното трошење на непотребни проекти, како и дека јавниот долг постојано расте. Од владеачкото мнозинство одговорија дека буџетот е социјален и корисен за многу ранливи категории, но истовремено и развоен бидејќи се предвидени многу капитални инвестиции.