Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПо Кондогбиа стигна и Миранда

По Кондогбиа стигна и Миранда

По очајната сезона Интер ги засука ракавите и започна сериозна реконструкција на тимот. По потпишувањето со одличниот Кондогбиа, миланскиот гигант ги обезбеди услугите на бразилскиот дефанзивец Миранда. Тој во Интер пристигнува од Атлетико Мадрид и се очекува да биде носечки столб на одбраната во наредните неколку години.

Miranda

„Можам да кажам дека Интер е одличен тим и сакам да им помогнат да се вратат во врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. Се надевам дека ќе биде гордост на Милано и италијанскиот фудбал“

Деталите околу висината на трансферот и времетраењето на договорот ќе бидат објавени веднаш по завршувањето на репрезентативните обрвски кои ги има Миранда на Копа Америка.

„Главата ми е со репрезентацијата на Бразил, кога ќе завршиме со Копа Америка, целосно ќе се посветам на Интер. Целта е да ја освоиме Копа Америка.“