Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо Груевски и Вучиќ почна да обвинува странски служби

По Груевски и Вучиќ почна да обвинува странски служби

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека секојдневните изјави на албанските политичари за создавање на „Голема Албанија“ се последица на добро координирана акција, и дека српските служби за безбедност „нашле траги“ на заедничко делување на најмалку една странска служба со разузнавачките служби од Тирана и Приштина.

Вучиќ во Лесковац изјави дека само се поставува прашањето дали Албанците делуваат сами, или во координација со некој од „нашиот или од некој друг континент“ и која е нивната крајна цел.

Тој рече дека постои можност Албанците секојдневно да ја спомнуваат „Голема Албанија“ бидејќи сакаат таа идеја да се легитимизира, сите да се навикнат на тоа и да стане нормално да се зборува за тоа, а никој да не реагира.

Вучиќ изрази благодарност до еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, за неговата реакција на овие изјави, бидејќи, како што рече, тоа беше многу важно.