Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПо долго одложување „Тинекс“ ќе раководи со Етно селото во Нерези

По долго одложување „Тинекс“ ќе раководи со Етно селото во Нерези

Проектот на министерството за економија „Етно село“ по долга тендерска постапка и одложување му ја додели концесијата за раководење на Владимир Тодоровиќ и неговата компанија „Тинекс“, а на стартот „амин“ даде и екс премиерот Никола Груевски.

makedonsko-selo-nerezi-infomaks

– Нашата визија е во „Македонско село” да понудиме врвна услуга, пријатен престој во удобни сместувачки капацитети и незаборавно искуство со уникатни содржини, а со тоа да ја промовираме македонската култура и традиција и надвор од Македонија.” – изјави на отворањето бренд директорката на компанијата „Тинекс“, Цветанка Христовска.

Комплексот сместен во Нерези кој го градеше Владата чини 5 милиони евра, а компанијата „Тинекс“ ќе стопанисува со Македонско село во следните 10 години и месечно ќе и плаќа на државата по 3.500 евра. Има капацитет за 100 гости во традиционален стил со селска архитектура од различни подрачја на Македонија.