Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПо Брегзит, англискиот би можел да го изгуби статусот на официјален јазик

По Брегзит, англискиот би можел да го изгуби статусот на официјален јазик

Англискиот јазик би можел да го загуби статусот на официјален јазик во Европа откако Британија ќе излезе од Унијата. Ова го изјави претседателката на Комитетот за уставни прашања при Европскиот парламент, Данута Хубнер, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Англискиот јазик е еден од 24-те официјални јазици во Европската унија затоа што е регистриран од Велика Британија како официјален јазик во таа земја. Но, откако Велика Британија ќе го комплетира процесот за напуштање на Европската унија, англискиот јазик може да го загуби статусот.

„Англискиот јазик е нашиот официјален јазик затоа што тоа го побара Велика Британија. Ако ја немаме Велика Британија во Европската унија, тогаш го немаме ниту англискиот јазик“, изјави Хубнер на конференцијата за медиуми посветена на правните последици после британскиот референдум за напуштање на Европската унија.
jazik
„Ние имаме регулација каде што секоја земја членка има право да пријави еден официјален јазик. Ирците за официјален јазик го имаат пријавено Галскиот, а властите од Малта го имаат пријавено Малтешкиот, па останува само Велика Британија која го има пријавено англискиот јазик“, изјави претседателката на Комитетот за уставни прашања при Европскиот парламент.

Англискиот јазик е еден од работните јазици кои што се говорат во институциите на Европската унија вели Хубнер која додаде дека „всушност англискиот јазик е најдоминантен“, најраспространет и најчесто употреуван.

Хубнер порача дека англискиот јазик би можел да остане „работен“ јазик во Европската унија, па дури и во случај да не биде официјален, но за тоа треба да се согласат сите земји членки на Европската унија.