HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосПо 70 години, вечерва Супер Месечина – еве како да направите добри фотки од спектакуларниот феномен

По 70 години, вечерва Супер Месечина – еве како да направите добри фотки од спектакуларниот феномен

super-mesecina

Вечерва и во текот на следните неколку дена, Месечината ќе биде најсветла и ќе изгеда најголема во последните 70 години. Месечината навистина ќе изгледа спектакуларно, а многумина од нас ќе сакаат да ја овековечат со фотографија. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја направите најдобрата фотка.

За почеток ќе ви треба соодветна опрема, односно апарат со објектив кој ќе ви овозможи доволно да зумирате. Препорачливо е да се користи барем 200 милиметарски објектив, да се фотографира од статив и потоа, ако е потребно, да се кропира фотографијата за да се извади максимумот од сцената.

За да ги добиете најдобрите резултати, потребно е да се фотографира пред да настане комплетна теминца, да се користи мануелна експозиција, како и да се вклучи некој друг елемент во фотографијата. Исто така важно е да се фотографира кога изгрева или заоѓа бидејќи тогаш ќе изгледа најголема.

Со оглед на тоа дека големите теле-објективи може да бидат многу скапи, супер-зум компактните фотоапарати можеби се најпрактичниот начин за да се направи фотографија од Месечината.

Ако планирате деновиве да правите вакви фотографии, важно е да знаете дека Месечината изгрева околу 16.30 часот, а заоѓа околу 5.45 наутро, а овие два периоди се најдобрите моменти за да се фотографира. Секако, важно е да имате и чисто небо без облаци за убаво да ја видите Супер Месечината.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com