HomeДЕНЕШНАСветПо 70 години Тајланд добива нов крал

По 70 години Тајланд добива нов крал

srirasm-vaji

Во Бангкок започна процесот за назначување на нов крал, а тронот по цели 70 години ќе добие нов владетел во името на крунисаниот принц Маха Ваџиралонгкорн кој ќе биде главен монарх во Тајланд. Парламентот му испрати формална покана на принцот да ја преземе круната, која тој мора да ја прифати пред да може да седне на престолот.

Маха треба да го наследи неговиот татко, кралот Бумибол, кој почина на 13 октомври, а за тоа чекаше 40 години откако беше назначен за наследник како најстар син во 1972-ра. Принцот Маха зад себе има три брака и бурен живот, но освен во западните таблоиди домашната јавност го гледа во сосема друго светло.

tajland-kral

Тајланд очекуваше веднаш по смрта на популарниот крал, неговиот син да го наследи на престолот, но пред повеќе од еден месец принцот објави дека побарал неговото крунисување да биде одложено, најмалку за една година.

Ваквото барање беше објаснето со желбата на ожалостениот принц граѓаните да имаат доволно време за тагување по починатиот крал, пред тој да дојде на престолот.

 

Претседателот на Парламентот пред неколку дена изјави дека неделава ќе се сретне со принцот и формално ќе му ја предаде поканата за да стане нов тајландски крал.

Според Уставот, монархот нема никаква политичка моќ, но Тајланѓаните во кралот гледаат фактор на обединување во државата.

Додека стариот крал Бумибол, кој 70 години беше на престолот, се уште беше жив, домашните медиуми посочуваа дека принцот Маха ја нема неговата популарност, како и дека неговата сестра е поомилена во јавноста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com