Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПо 300.000 евра премија за Французите за триумф на ЕУРО 2016

По 300.000 евра премија за Французите за триумф на ЕУРО 2016

Репрезентативците на Франција ќе добијат премии од по 300.000 евра доколку триумфираат на Европското фудбалско првенство, кое ќе се одржи токму во нивната земја.

На осум дена пред стартот на шампионатот „триколорите“ ја дознаа паричната награда за освојување на трофејот, па така секој репрезентативец на Франција ќе добие премија од по 300-ијлади евра доколку избраниците на Дидје Дешам слават во финалето кое ќе се игра на 10 јули.

Впрочем, покрај актуелниот светскиот шампион Германија, бранителот на европскиот трон Шпанија, репрезентацијата на домаќинот Франција важи за еден од најголеми фаворити за триумф на ЕУРО 2016.

Франција во групната фаза за противници ќе ги има селекциите на Романија, Албанија и Швајцарија, а токму „Триколорите“ во дуелот против Романија кој ќе се игра на „Стад де Франс’’ на 10 јуни ќе го отворат Европското првенство.