HomeДЕНЕШНАПолитикаПо 16 години, разрешен командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски

По 16 години, разрешен командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски

Командирот на противпожарната бригада на град Скопје, Благоја Менковски е разрешен од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Менковски беше командир речиси 17 години. На негово место веднаш е именуван Ѕвонко Томески.

Менковски го потврди неговото разрешување и рече дека совесно ја извршувал својата работа и функција речиси 40 години. Исто така, нагласи дека како командир одговорил на сите предизвици и никогаш немало забелешки за неговата работа.

Од град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски нема информација за причините за смената на првиот човек во Противпожарната бригада на град Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com