Thursday, Aug 24, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПливачот Дамјан Петровски со нов сениорски државен рекорд

Пливачот Дамјан Петровски со нов сениорски државен рекорд

Изминатиот викенд во Бургас, Бугарија се одржи меѓународниот пливачки натпревар „Бриз“ на кој учествуваше нашиот млад пливач Дамјан Петровски, на кој постави нов сениорски државен рекорд во дисциплината 100 метри градно со време 1.04,07 со што го подобри повторно неговиот стар рекорд со време од 1.40,12.

Воедно, Петровски се натпреваруваше и во други дисциплини. Во дисциплината 50 метри делфин освои сребрен медал,а 100 метри градно, 50 метри градно и 100 метри делфин му ја донесоа бронзата

Подобрувањето на рекордот му донесе норма за Европското првенство на мали базени во Израел 2016.