Saturday, Apr 20, 2024
HomeСТУДЕНТУМПленумот постави гласачка кутија пред канцеларијата на Студентски парламент

Пленумот постави гласачка кутија пред канцеларијата на Студентски парламент

Студентскиот пленум со герила акција пред заклучената канцеларија на Студентскиот парламент и симболично поставија гласачка кутија пред вратата и во неа пуштија „гласачки ливчиња“ на кои е детално објаснето зошто претстојните избори за нов состав на СПУКМ се нелегитимни и нелегални, пренесе Плусинфо.

studentski plenum

„Студентскиот пленум се реши да прави активен бојкот на изборите за нов претседател на Студентски парламент на УКИМ поради тоа што изборите се многу нелегитимни и нелегални. Патем, претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски, распиша избори во период кога повеќето студенти не се тука, вратени се во своите градови или се на „ворк енд травел“ надвор од државата. Исто така изборите се распишани и надвор од академската година“ изјави Деа Здравковска од Пленумот.

studentski plenum3

Пленумот се противи бидејќи се нарушени бројни правила за одржување на студентски избори на кои веќе со години не може реално да се изрази волјата на академските граѓани иако досега имаше мал интерес кај нив да гласаат за своите лидери во официјалните организации и тела на универзитетите.

Извор: plusinfo.mk