Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатување(Видео+Фото) „Плажа на љубовта“: Бомба од Првата светска војна го создаде најубавото туристичко место

(Видео+Фото) „Плажа на љубовта“: Бомба од Првата светска војна го создаде најубавото туристичко место

Воените лидери на мексиканската војска на почетокот на 20. век веројатно не сонувале дека нивните воени вежби на островите Мариета ќе изродат еден ден едно од најубавите туристички светски сензации.

playa-de-amor5

Тестирањето на бомбите создале огромен кратер среде густа шума кој со тек на времето станал плажа од соништата. Мексиканците ја нарекла „Плажа на љубовта“.

playa-de-amor2

Во кратерот се оформила прекрасна песочна плажа од која со водени тунели може да се стаса и до самиот брег на морето. Плажата на љубовта не е единствената случајна сензација на острвот. Останатите експлозии создале бројни пештери и тунели кои туристите со задоволство ги истражуваат.

playa-de-amor4

Вентура Осорио, човекот кој работи како водич на островите Мариета, го објаснил феноменот на скриената плажа.

– Воочи Првата светска војна мексиканската војска ги користеше островите како полигон за тестирање разни бомби. Оваа плажа настанала како резултат на тоа, но и на други фактори како што се временските услови и ерозијата на карпите – рекол Осорио.