Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПлатите и клиниките во Германија и Норвешка идеални за лекарите од Балканот

Платите и клиниките во Германија и Норвешка идеални за лекарите од Балканот

Повеќе од 10 000 лекари  заминале од Србија во последните неколку години. Точна бројка нема, но едно е познато, егзистенцијата ја бараат од Аљаска до Нов Зеланд . Школувањето на еден ортопед или кардиолог  кај нашиот сосед чини од 30 000 до 50 000 евра.

Незадоволството од работните услови лекарите од Србија го изразуваат со напуштање на родната земја , а идеалната работа ја гледаат најчесто во Германија И Норвешка. Од лекарската комора во Србија, алармираат дека од година в година се поголем број лекари одлучуваат да ја напуштат државата.

Сега веќе и за шест месеци си одат околу 500 лекари, но лошо е што тој тренд се задржува и не се смалува бројот на луѓе кои планираат да одат во странство. Навистина, немаме точни податоци колку заминале но отприлика желба да заминат имаат 200 или 300 лекари повеќе од претходната година, вели за РТС Весна Јовановиќ, директор на Лекарската комора на Србија.

Хрватска ќе ги стимулира лекарите со три плати и станбен кредит, само да не заминат во странство

Очигледно причина за ваквата состојба е платата, која во тие земји е три до четири пати повисока од домашната. Слична е ситуацијата и во  Хрватска, која откако  влезе во Унијата, сертификат за напуштање на земјата барале повеќе од 1000 лекари. Еднаш годишно , три просечни плати за најдобрите или поддршка од државата за станбен кредит се само дел од мерките кои ќе бидат спроведени во Хрватска само за да ги задржат лекарите .

Приватните болници да имаат обврска задолжително да вработуваат лекари!

Според  претседателката на Одборот на Општина Србија задолжен за семејно здравје, приватните болници треба да имаат приоритет пред државните во смисла комплетно да бидат издвоени и да им се наметне обврска задолжително да вработуваат млади лекари.

Сите млади лекари би сакале да станат специјалисти, супспецијалисти и нивната желба е да работат во големите градови, а притоа ние сме сведоци дека во здравствените домови , на терен , во близина на пациентите нема доволно лекари, вели Дејановиќ за РТС.

Најголем дел од лекарите сметаат дека за да ги задржат лекарите  неопходно е да им се обезбеди адекватна финансиска надокнада и можност за континуиран стручен развој .