Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПлатини добива противкандидат за претседателството во ФИФА

Платини добива противкандидат за претседателството во ФИФА

Со најавувањето на Мишел Платини за повторно кандидирање за претседател на ФИФА, конкуренцијата полека се зголемува. Кореецот Јанг Монг Јун најави учество во трката за претседателското столче, како замеа за Сеп Блатер.

Една од највлијателните личности во азијскиот фудбал најави дека официјално кандидатурата ќе ја поднесе следниот месец, а неговата најголема цел е да биде дел од решението со кое ФИФА ќе се избори против корупцијата.

Изборите за првиот човек на ФИФА ќе бидат одржани на 26-ти февруари, а Блатер кој беше избран кон крајот на мај по петти пат на таа функција неколку дена подоцна поднесе оставка поради скандалот во ФИФА кој се случи со апсење на седмина високи челници обвинети за корупција.