Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧерчил на апоен од 5 фунти – Велика Британија ја пушта во оптек првата пластична банкнота

Черчил на апоен од 5 фунти – Велика Британија ја пушта во оптек првата пластична банкнота

Во Велика Британија денеска ќе биде пуштена во оптек првата пластична банкнота. Се предвидува новите банкноти од 5 фунти да излезат во 440 милиони примероци, соопшти централната Банка на Англија.

Банкнотата ќе биде со ликот на британскиот лидер од Втората светска војна, Винстон Черчил. Официјално таа беше претставена на 2 јуни.

Централната банка уште во 2013 година најави дека Черчил ќе се печати на следниот апоен од 5 фунти, којшто пак, треба да биде од пластика.

Полимерските пари ќе бидат посигурни и потешки за фалсификување отколку книжните, додаваат од централната Банка.