Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаПланинарска тура по повод националиот празник 2 Август

Планинарска тура по повод националиот празник 2 Август

По повод  националниот празник 2 Август, од денеска до 3 август ќе се случува планинарска тура во која ќе учествуваат  повеќе планинарски друштва од Македонија и гости-планинари од странство.

Маршрутата поминува по трагите на Илинденците низ централна Македонија и е долга околу 200 километри. Учесниците дневно ќе пешачат околу 10 до 12 часа. Право на учество имаат искусни планинари, здрави и кондициски подготвени, со задолжителни лекарски преглед

Овој настан е организиран од страна на Планинарската федерација и Агенцијата за млади и спорт.

Тие соопштија дека дека сите учесници кои денеска ќе стигнат на означеното собирно место ќе бидат превезени со автобус до местото Преслап (1000 метри надморска височина). Треба да имаат опрема за планинарење и да си обезбедат храна.