Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеНеверојатен феномен: Планината што гори

Неверојатен феномен: Планината што гори

Врвот на планината Полукупола во националниот парк Јосемити многумина ги воодушеви со сликата објавена од Остин Јенајан на која се гледа како извира пламен од височините. Најпрво сите се излажаа дека навистина станува збор за пожар, но Јенајан ја откри точната приказна.

Half-Dome-Fire

Сликата е направена во совршен момент, кога изгрева сонцето и се добива уникатен отсјај од Мерсед реката која тече покрај планината Полукупола. Овој природен феномен траел неколку секунди при што е направена совршената слика на извирање на пламени јазици од врвот на Полукупола. Навистина изгледа воодушевувачки, дали ќе се сложите.