Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПитер Фејт: Ситуацијата да не ескалира во целосна граѓанска војна

Питер Фејт: Ситуацијата да не ескалира во целосна граѓанска војна

Посредникoт во преговорите за потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година, Питер Фејт, во интервју за Ројтерс изјави дека националистите во Македонија си играат со оган при одбивањето да се откажат од власта и најстрого го осуди насилството во Собранието, а воедно порача дека ЕУ треба да помогне за надминување на ситуацијата која наликува на ќор-сокак.

Фејт нагласи дека треба исклучителна внимателност ситуацијата да не ескалира во меѓуетнички конфликт или целосна граѓанска војна.

Во врска со спроведувањето на санкциите тој рече дека има простор за нивно спроведување, некои во форма на забрана за патување, а некои во форма на финансиски мерки, насочени против раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Исто така, тој го поздрави изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери од кој очекува да ги преземе своите обврски во најбрз можен рок и да го извести Иванов за новото мнозинство.