Пиротехничко средство предизвика експлозија близу шахта за гас во Куманово
Непознат сторител фрлил пиротехничко средство во близина на шахта на булеварот „Октомвриска револуција„ во 4 часот утрово. Од СВР Куманово соопштија дека нема повредени лица, но причинета е материјална штета на шахтата која е во сопственост на ЈП „Куманово-Гас“.
Ескплозијата настанала на приземниот дел на бетонската шахта од дистрибутивниот гасовод. Се работи на расчистување на случајот за кое Јавното обвинителство констатирало дека се работи за кривично дело – предизвикување општа опасност.