Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПиновите на кредитните картички прелесни за хакирање

Пиновите на кредитните картички прелесни за хакирање

Експерти за сајбер безбедност предупредуваат дека корисниците на кредитни и платежни картички прават идентични грешки со ПИН кодовите како и при поставување на лични лозинки или пак пинови за СИМ картичката на телефонот. На хакерите им е премногу лесно да го дознаат вашиот ПИН број бидејќи често тој се поклопува со роденденот на корисникот, годината на раѓање или пак броеви кои се на нивните блиски.

Овие податоци се откриваат преку социјалните мрежи, бидејќи доста често ги наведуваме годината и датумот на раѓање. На црниот пазар брзо се стигнува до огромни бази на податоци кои хакерите би ги злоупотребиле и без да имаат пристап до вашите профили на социјалните мрежи.

Затоа на платежните картички поставувајте бројки по случаен избор кои можеби ќе бидат потешки за паметење но, тешки за пробивање.