HomeДЕНЕШНАСвет„Пинк Пантер“ започнаа да ловат старлети

„Пинк Пантер“ започнаа да ловат старлети

Грабежот на Ким Кардашијан ги има сите елементи на добро завршена работа на „Пинк Пантери“, бандата која стана позната по бројните успешно изведени грабежи ширум светот, пренесуваат британските медиуми. Бандата, чии луѓе членови ја сочинуваат луѓе од Србија и Црна Гора, до сега украла повеќе од 320 милиони евра. Името „Пинк Пантери“ бандата го добила после грабеж на златара во Лондон, кога крадците сокриле дијамант во кутија за крема за лице, што потсети на дејство од филмот за Пинк Пантер.

Поголеми грабежи остварија во Токио, Кан, Сингапур и Дубаи, а познати се по тоа што многу ретко користат насилни методи. Како и крадците облечени во полициска униформа кои вчера ја ограбиле Ким Кардашијан и членовите на групата „Пинк Пантер“ често носат костими при кражби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com