Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПијаните доктори повторно ќе работат, немало докази за одземање на лиценцата

Пијаните доктори повторно ќе работат, немало докази за одземање на лиценцата

Пијаните доктори повторно ќе работат. По истрагите, докторите нема да ја загубат лиценцата. Судот на честа при Лекарската Комора не им ги одзеде лиценците бидејќи немало доволно доказен материјал. Резултатот кој покажа дека кај едниот лекар имало 1,75 а кај другиот 1,23 промили алкохол во крвта ноќта кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, не биле доволни за да останат без дозвола за работа.

Претходно, истото образложение го даде и етичката комисија. Лекарската Комора досега трајно одзела лиценца само на еден лекар а времено по различни основи се дваесетина годишно.

По вештачењето кое е во тек, обвинителството треба да соопшти кој и за што ќе одговара за гевгелиската трагедија. Сопругот на починатата родилка Мите Кадиев, вчера излезе со нов сомнеж дека бебето било родено живо по направениот царски рез а не како што пишувало во документацијата дека е мртвороденче. Побара да бидат казнети сите кои се виновни за смртта на неговата жена и ќерќичка.