Friday, Dec 15, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаПијаните анестезиолози само привремено без лиценца

Пијаните анестезиолози само привремено без лиценца

Пијаните доктори само привремено без лиценца. На денешната седница Комисија за етички и правни прашања при Лекарската комора на Македонија донесе одлука за времено одземање на лиценцата за работа на д-р Томчо Ванчев, специјалист анестезиолог и д-р Зоран Јовановски, специјалист анестезиолог, вработени во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија.

Лиценците за работа на докторите, соопшти денеска Лекарската комора, времено им се одземаат до донесување на правосилна судска одлука.

– Одлуката е донесена врз основа на дополнително доставената документација: Извештајот од извршениот стручен надзор од страна на комисијата формирана од Министерството за здравство, како и известувањето за резултатите од анализата на алкохол во примероци крв од Министерството за внатрешни работи, се наведвуа во соопштението.

Временото одземање на лиценците за работа на докторите е по основ на повреда на позитивните законски прописи и одредбите на Кодексот на медицинската деонтологија. Претходно, Комисијата за етички и правни прашања немаше вакво мислење.