Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПијанистот Николај Лугански вечерва има концерт на ,,Охридско лето"

Пијанистот Николај Лугански вечерва има концерт на ,,Охридско лето"

Продолжува музичката програма на 55 јубилејно издание на фестивалот ,,Охридско лето”. Вечерва во катедралната црква ,Света Софија” концерт ќе одржи Рускиот пијанист Николај Лугански.

Од страна на стручните критичари Лугански  е оценет како пијанист со исклучителна префинетост, чуствителност и „кристална убавина“ во свирењето, слична на Моцарт и Шопен, но и виртуозност која потсетува на Рахмањинов и Прокофјев. Добитник е на голем број награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ за 2013 година.

Настапувал во некои од најпрестижните светски сали, како „Вигмор хол“ во Лондон, „Концертаус“ во Берлин, „Театр де Шанз Елизе“ во Париз, Московскиот конзерваториум, Филхармонијата во Санкт Петербург, а соработувал и со значајни оркестри како Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар.  Покрај солистичките концерти,  Лугански настапувал и како камерен музичар со Миша Мајски, Вадим Репин, Александар Књазев и други, а често гостувал и на познати светски фестивали.