Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПијанистот Иво Погорелиќ со настап на „Охридско лето“

Пијанистот Иво Погорелиќ со настап на „Охридско лето“

Вечерва во црквата „Св. Софија“ со почеток од 21 часот, во рамките на културната манифестација „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на познатиот пијанист Иво Погорелиќ.

Поради распродадените билети во рекордни два дена, Погорелиќ се одлучи да одржи дополнителен концерт утревечер, 26-ти јули, на истата локација.

Музичките критичари Погорелиќ го нарекуваат еден од најголемите и најконтроверзните пијанисти на своето време, пијанист којшто во текот на осумдесеттите години од минатиот век ја фасцинира светската јавност со своите интерпретации на Шопеновата музика, но и на онаа од другите светски композитори.