Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПијанистот Дино Имери добитник на наградата “Томислав Зографски”

Пијанистот Дино Имери добитник на наградата “Томислав Зографски”

 

Еден од најперспективните македонски пијанисти, Дино Имери е добитник на наградата “Млад Музички Уметник” доделена од Фондацијата “Томислав Зографски” по повод 80 години од раѓањето на еден од најистакнатите македонски композитори.

Имери наградата ја доби за исклучителни домашни и меѓународни концертни успеси, како и за промоција на на творештвото на македонските композитори  Т.Зогравски, А.Џамбазов и Дамир  Имери.

Оваа награда младиот пијанист ја прими на свеченото  отварање на Интернационалниот натпревар по музика ,,Охридски бисери” кој се одржи на 15 овој месец во организација на Здружението на Музички и Балетски Педагози.

dino imeri 2

,,Фондацијата со големо внимание ги следеше сите успеси на Дино Имери кому му апалудираше публиката во концертните сали во Бугарија – со Софиската филхармонија, Хрватска – во „Ватрослав Лисински“ и Музејот на уметност и занаети во Загреб, Австрија во „Лист Центрум“ во Рајдинг и Замокот Естерхази, Салата на Јозеф Хајдн, во Германија – Лајв стриминг концерт од Конзерваториумот во Ајзенштад, во Франција на Фестивалот Пијано Плаж и повеќе рецитали во Македонија, рецитал на престижниот Меѓународен фестивал „Охридско лето“, концерти со Македонската филхармонија и други оркестри.” –изјави за pozitiv.mk арх. Панда Зографска Беличанец, Директор на Фонадација ,,Томислав Зографски”

Беличанец истакна  дека Фондацијата особено ја вреднува почитта која Имери ја покажува кон македонското музичко творештво кое е дел од македонското културно богатство.

Подготви: Ирена Мрческа