Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманПијалок за добро утро: Смути од кафе и банана

Пијалок за добро утро: Смути од кафе и банана

Кога омилениот пијалок ќе го искомбинирате со овошје како бананата, знаете дека ја имате добитната комбинација за добро утро кое ќе резултира со одлично расположение во текот на целиот ден

Потребни состојки:
* 250 мл сварено и изладено инстант кафе
* 1,5 банана исечена на парчиња
* 250 мл безмасен грчки јогурт
* 1 кафена лажичка мелено ленено семе
* 2 кафени лажички цимет
* 1/4 лажичка рендано мускатно оревче
* 6 коцки мраз

Начин на подготовка:
Сите состојки помешајте ги во блендер кој може да мели и мраз и уживајте во заодливиот вкус. Доколку немате појак блендер, состојките можете да ги помешате и во обичен и да го додадете мразот откако ќе го сервирате смудито.