HomeДЕНЕШНАЕкономија„Пежо“ ќе укине над 2.000 работни места

„Пежо“ ќе укине над 2.000 работни места

Францускиот производител на автомобили „Пежо“ планира да укине над 2.000 работни места со пензионирање или доброволно заминување со отпремнина. Откако во 2014 година успеа да се врати од раб на банкрот со помош на државата, „Пежо“ вети дека ќе ги намали трошоците на работењето, резервите и производството на линии на модели, со цел повторно да стане профитабилен.

Во интерен документ управата наведува дека мора да бидат „внимателни” поради неизвесноста која ја генерираше Брегзитот и поради падот на продажбата на дизел возилата.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com